Филипче: Две илјади кинески вакцини од „Синофарм“, до вечер ќе пристигнат во земјава

Две илјади кинески вакцини од прозиводителот „Синофарм" пристигнаа на аеродомот во Софија и до вечер ќе пристигнат во нашата земја, објави попладнево на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Оваа донација, посочува министерот, е од Обединетите Арапски Емирати.

„Голема благодарност за заложбата на амбасадорот Абдулкадир Мемеди и на министерот за надворешни работи Бујар Османи, што за краток временски период се обезбеди оваа донација. Симболот на оваа здравствена криза е солидарноста“, напиша Филипче.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе