Видеоконференција за ковид-19 меѓу Западен Балкан, Грција и Бугарија

Филипче: Договоривме да се изработи заеднички протокол за границите, треба да се овозможи слободен премин, но и контрола

Денеска на пладне министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на видеоконференција на темата ковид-19 во земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, информира Министерството за здравство.  

На видеоконференцијата, која ја иницираше министерот Филипче, а присуствуваа министрите за здравство на земјите од Западен Балкан, Грција и Бугарија, учесниците информирале за состојбата со коронавирусот во своите земји, предизвиците со почетокот на учебната година, подготовките на системот за есен и за процесот за набавка на вакцина.

Во однос на границите и слободното движење на патници во земјите од регионот, Филипче посочил дека треба да се заземе координиран пристап помеѓу земјите како да бидат отворени границите и да им се олесни преминот на патниците, а притоа да се обезбеди контрола над ситуацијата со коронавирусот, со што се сложиле и останатите учесници на конференцијата.

Врз основа на ова, на видеосостанокот било договорено да се изработи иницијален документ на заемен протокол за границите. На документот ќе работи работна група составена од членови од сите земји на Западен Балкан, Грција и Бугарија, а следната видеоконференција на која ќе се дискутира за протоколот ќе се одржи најдоцна за две недели од денес.

Министерот Филипче информирал дека во моментов, земајќи ги предвид главните индикатори за евалуација на епидемијата, состојбата во нашата земја е стабилна. Ги појаснил препораката на Комисијата за заразни болести и условите под кои на 1 октомври ќе почне учебната година кај нас, како и подготовките и зајакнување на здравствениот систем за есенскиот период со 16-те монтажни болници низ државата со кредит од Светската Банка.

Во однос на вакцината, Филипче рекол дека како земја сме заинтересирани за набавка на вакцина и дека, освен што сме дел од Ковакс програмата на СЗО, добивме понуда од полскиот амбасадор во нашата земја од Полска да купиме количество од вакцината на Астра Зеника.

На конференцијата учествувале министрите за здравство на Албанија, Огерта Манастарлиу; на Грција, д-р Василеиос Кикилиас; на Република Српска, д-р Ален Шераниќ и на Косово, Арменд Земај, како и заменик министерот за здравство на Босна и Херцеговина, д-р Горан Черкез, д-р Данијела Урошевиќ, асистент на министерот за интернационална соработка и европски интеграции, д-р Верица Јовановиќ, директорка на Институтот за јавно здравје од Србија, и д-р Ангел Кунчев од Бугарија – директор на здравствениот инспекторат.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе