Министерот со апел да не се објавуваат неофицијални информации

Филипче до медиумите кои објавуваат неофицијални бројки на заболени пред МЗ: Зарем сега треба да се тркате за ексклузивитет?

Министерот за здравство, Венко Филипче денес пред официјалното соопштението во кое секој ден од почетокот на пандемијата се објавуваат бројки на тестирани, заразани, починати и излекувањи во државава, упати апели до медиумите на кои речиси им стана пракса периодов да објавуваат неофицијални бројки пред официјалните од Министерството за здравство. Последниов период одредени медиуми објавуваат бројки повикувајќи се на свои извори, кои подоцна не се идентични со оние кои ги објавува министерот. 

Министерот Филипче испрати апел до медиумите дека не треба во период кога кај населението владее страв и кога се справуваме со тешка состојба да се трага по ексклузивитет, а особено не во период која се работи за болест.

„Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објаувуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени. Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со медиуми сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација. Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19. Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување", напиша Филипче на Фејсбук.

Министерот додаде дека е непримерно во ваква ситуација во која имаме заразени лица и во која министерството за здравство секојдневно известува и за секоја минимална промена и секоггаш редовно одржува прес-конференции на кои одговара на сите новинарски прашања.

„Со ова се внесуваа конфузија кај населението и недоверба во институциите а искрено верувам дека ова не е целта. Објавувањето број на новозаразени со ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, зошто станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните. Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати на ден. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво. Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане", пораша Филипче.

 

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе