Филипче: Девет лица имало во комбето во кое била пациентката со коронавирус

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека сите патници со кои патувала жената заразена со коронавирус се идентификувани и се тестирани.

Пациентката кај која е утврдено присуство на коронавирус е во добра општа состојба и со лесна форма на болеста. Зафатено и е само едно белодробно крило и не е потребна механичка вентилација, ниту која било форма на интензивна терапија. Сместена е во Одделот за интензивна нега и изолација на Клиниката за инфектологија, соопшти вечерва на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој информира дека се идентификувани сите патници кои биле со пациентката во комбето и кои во земјава влегле преку граничниот премин Табановце. Вкупно се девет луѓе, од кои осум патници и еден возач.

„Лицата се идентификувани на две места во Скопје, заедно со роднините на пациентката кои ја пречекале и три во Струмица. Веќе се упатени екипи на епидемиолози заедно со претставаници на МВР да се направи соодветната анкета по утврдениот прашалник за да се дознае со кои лица комуницирале овие патници денеска. Вечерва сите ќе останат во домашна изолација под полициски надзор, а врз основа на податоците ќе се одреди дали ќе продолжи домашната изолација или утре ќе бидат префрлени во претходно одредените инфективни одделенија за надзор. Нема простор за паника, имало и порано епидемии и сега има епидемиски грип. Нема потреба од снабдување залихи“, истакна Филипче.

Тој најави дека утре претпладне ќе бидат соопштени дополнителни детали. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе