Министерство за здравство

Филипче денеска оди во Грција за прашања околу отворање на границите

Во тек се регионални состаноци со претставниците на владите и институциите во регионот за координиран пристап во однос на транзитот, посетите и здравствените протоколи кои ќе се имплементираат по најавите од соседните земји за отворање на границите, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Со ова ќе се овозможи побрзо и побезбедно патување во текот на летото.

„Европската комисија вчера излезе со пакет мерки за патување во рамки на Европската Унија, кадешто се препорача ваков координиран пристап за олеснување на рестриктивните мерки. Согласно препораките на Комисијата за заразни болести, за координирано делување во овој дел ги започнуваме и ние овие состаноци за координација во балканскиот регион“, изјави  Филипче и додаде дека денеска заминува во Грција на состанок со грчкиот министер за здравство.

На средбата, двајцата министри ќе разменат искуства за досегашното менаџирање на кризата, кои треба да помогнат во понатамошната битка на коронавирусот, припремата на здравствениот систем и за наредниот период кога се очекуваат нови пикови. Исто така, ќе се дискутира и во однос на отворање на границите и аеродромите, имајќи предвид дека со отворањето на границите Република Северна Македонија повторно ќе го отвори и транзитниот коридор север/југ, којшто е многу оптеретен во летните месеци.

„Вчера ги регистриравме бројните реакции на јавноста во однос на оваа одлука да се дозволи посета на функционери на соседните земји. Дозволете да појаснам дека воопшто не станува збор за ништо друго освен за организирани состаноци со причина да се координираат токму овие активности во однос на олабавување на мерките, а за што треба регионален пристап. Сите тие посети се одвиваат согласно протоколот којшто за такви посети го донесе и Комисијата за заразни болести. Не станува збор да се дозволи на било кој функционер да патува, туку само за вакви состаноци заради тоа што веќе се најавени средби со ваков повод“, истакна министерот Филипче.

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе