Филипче: Будно се следи состојбата во Куманово

Во Куманово се работи интензивно, будно ја следиме состојбата. Земени се повеќе материјали во однос на претходните денови, но многу е рано да се каже дали е ова драматично зголемување на заболени од коронавирусот или не, истакна на денешната прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Филипче појасни дека врз основа на денешните тестови ќе се процени во која насока ќе оди детекцијата на случајот во Куманово.

„Во Куманово многу интензивно се работеше, земени се материјали, има многу повеќе земено во однос на претходните денови, мислам дека е многу рано да се каже дали е ова драматично зголемување или не, но будно ќе ја следиме состојбата и во текот на следните денови“, додаде тој.

Тој истакна оти е свесен за барањата од општина Куманово за воведување дополнителни мерки, меѓутоа додаде дека барањата стигнуваат од повеќе општини, а одлуките се носат врз основа на проценката на епидемиолозите на поврзаноста на случаите детектирани до тој момент, или како што рече, врз основа на тоа каква е нивната релација во однос на кластерите и иницијалниот извор на болеста.

На прашање дали е потребно заострување на мерките за заштита од коронавирусот, министерот одговори дека според Комисијата, мерките се доволни,  но будно ја следат состојбата по градовите и доколку се наметне потреба, ќе се воведат и нови мерки.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе