Филипче: Бројот на нови случаи опаѓа, идната недела ќе зборуваме за рестриктивните мерки

Трендот на нови случаи опаѓа, се намалува бројот на прегледи во сите ковид-центри и намален е притисокот за прием во болниците, а има и голем број слободни кревети, изјави денеска министерот за здравство.

Филипче најави дека денеска ќе се почне со ослободување на дел од одделенијата кои работеа со ковид-пациенти и верува дека овие трендови ќе продолжат.

„Оваа недела имаме стотина хоспитализации помалку од минатата недела и тоа се чувствува. Исто така, имаме и за 50-100 намалување на бројките на новодијагностицирани, но бројот на хоспитализирани не го следи веднаш бројот на нови случаи“, изјави Филипче.

Тој уште најави дека на почетокот на следната недела ќе се разговара за типот на рестриктивни мерки.

 

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе