По зголемувањето на бројот на случаи на ковид-19

Филипче: Британскиот сој се шири, не е исклучено да се донесат нови мерки

Не ја исклучувам можноста за некаква форма на дополнителни мерки, дали на локално или на ниво на територијата на цела држава, меѓутоа сега немаме индиции дека такви мерки треба да препорачаме, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Toj вели дека ќе се прават дополнителни анализи, а досегашните велат дека има покачување на бројот на заразени и дека британската мутација е застапена со 50 проценти.

Во делот на соевите, односно мутациите на коронавирусот, Филипче рече дека во овој момент се прави анализа на една серија во Лабораторијата во МАНУ, од која резултатите се очекуваат следната недела, која треба да даде одговор и на зголемниот број случаи на ковид инфекции во последните неколку дена.

„Целта е да се види колкав процент од вкупно дијагностицираните, практично, се должи на британскиот сој на вирусот. Последната анализа укажа на  околу 50 проценти од случаите и тоа е доказ дека сѐ повеќе го има овој британски сој на вирусот. Ние во последните неколку денови гледаме и зголемување на бројот на позитивни од вкупниот број на направени тестови. Во овој момент со епидемиолозите, дел од членовите на Комисијата за заразни болести се прават анализи дали може да се утврди на што се должи тоа. Иницијалниот впечаток е дека е можно да се должи и на британскиот сој, меѓутоа и на генерално непочитување на мерките во делот на собирите. Еве, времето е убаво, сведоци сме дека сѐ повеќе има луѓе надвор коишто не ги почитуваат мерките. Во таа смисла за евентуални дополнителни мерки ќе разговараме во периодот којшто е пред нас“, рече Филипче.

Запрашан во однос на реинфекции со ковид-19, министерот Филипче истакна дека конечен збор науката сѐ уште нема дадено.

Албанскaта политичка и научна јавност имаат објективен пристап и разбирање дека прашањата што се на масата за разговори со Бугарија не се воопшто лесни за решавање.

повеќе

Половични регионални форми на соработка и здружување се опасни за Македонија.

повеќе

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе