„Кластерите се познати и изолирани“

90 отсто од новозаразените се од само 15 семејства, бранот ќе трае многу кратко, рече Филипче

Продолжува тестирањето на сите контакти на заболените, во кризните општини. Од вчера до денес таргетирано се тестираше и кластерската анализа на новодијагностицираните покажа дека вкупно околу 15 семејства носат 90 проценти од новите случаи, што значи дека болеста се шири тесно во рамките на овие кластери, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. Денеска се регистрирани 180 нови случаи на ковид-19, од кои 109 се во Скопје.

Фото: Роберт Атанасовски

„Има и нови спорадични случаи, кои не можат да се поврзат со овие семејства, што е доказ дека вирусот постои и воопшто не значи дека нема и надвор од овие кластери каде што е најголемата бројка и затоа остануваме максимално претпазливи“, рече Филипче.

Министерот истакна дека несомнено „имаме еден втор бран, кој е резултат на непочитувањето на мерките за собири и групирања, што впрочем го докажа и деталниот увид во анкетните епидемиолошки прашалници“.

Но зголемениот број заболени може да се каже дека е очекуван поради начинот на тестирање кој го применивме изминативе денови, рече Филипче.

„Со оглед на тоа што првите случаи од семејствата покажаа дека има одреден број на асимптоматски носители, сакавме детално да видиме колку е тоа силно изразено. Денеска имаме и највисок број на тестови во 24 часа, така што со овој начин во овие познати кластери многу рано се идентификуваат носителите на вирусот.

Затоа сметаме дека бранот многу кратко ќе трае, но остануваме максимално внимателни и претпазливи“, рече министерот.

Легенда под Главна слика

Фото: Роберт Атанасовски

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе