Филипче: 29 отсто смртни случаи се пациенти кои починале меѓу 2 и 5 ден по приемот

Смртноста кај заболените од ковид-19 е висока кај пациентите кои доаѓаат доцна во болница, граѓаните не доаѓаат навреме, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Анализата покажа дека смртноста е висока, особено во првите два-три дена кај најтешките случаи. Кај околу триесет случаи ковид-19 е утврден постмортем, додека 29 отсто од смртните случаи се меѓу вториот и петтиот ден по приемот во болница што значи дека биле примени во крајно тешка состојба“, рече Филипче.

Во однос на состојбата со капацитетите на болниците кажа дека не се преполнети, па така во Инфективната клиника од 110 расположиви кревети пополнети се 90, 30 отсто е исполнетоста на болницата во Козле, а Модуларната болница е празна и од утре ќе има 72 слободни кревети. Според него, полуисполнети се болничките капацитетите во државата, освен во Охрид и во Битола каде што има по неколку слободни кревети. Доволен број слободни кревети, како што вели, има и во „8 Септември“, а сега се работи на системот на ротација на здравствениот кадар. Последнитеве денови, како што објасни, се намалува бројот на приеми, па така вчера имало 8 испишани пациенти, а примени 6, за разлика од претходниот период кога имаше огромен број пациенти што доаѓаа в болница, а практично немаше пациенти што се испишуваа.

На прашањето за зголемиот број на заболени со ковид-19 во Србија и Косово и дали се разговара на Влада и со Комисијата за заразни болести за евентуално затворање на границите и за големиот проток на луѓе од овие земји, Филипче рече дека досега не е разговарано.

„Засега не, заради тоа што досегашните официјални податоци не укажуваа на така голем број, иако имавме информации дека нешто неофицијално се случува. Ќе разговараме деновиве со претставници на нивните здравствени власти за да видиме каква е ситуацијата, кои се потенцијалните ризици по нашата земја. Да, апсолутно да, ако во кој било момент одлучиме дека е потребна некаква рестриктивна мерка дали е тоа премин преку граница или рестрикција во движење во било кој дел од земјата, тоа ќе го препорачаме“, рече Филипче по средбата со претставници на Здруженијата за ретки болести во Градскиот парк.

Прашан дали политичарите се доволно заштитени за време на изборната кампања, Филипче потенцира дека јасни се принципите и важат за сите, за секој собир.

„Да се носат маски и да се одржува дистанца. Секој кој не почитува го доведува во ризик сопственото здравје и секако здравјето на сите во околината“, нагласи Филипче.

Што се однесува до здравствените работници кои бараат изземање од Избирачките одбори, тој кажа дека за тоа разговарал со Државната изборна комисија (ДИК).

„Бројот на апликации за изземање е практично идентичен на оние што биле изминатите години. Ова се избрани луѓе во Избирачките одбори од 2016 година. Значи имаат искуство, знаење, веројатно и помош за спроведување на протоколите. Нивно изземање сериозно би го нарушило овој процес. Станува збор за неколку илјади луѓе. Но, ги разгледуваме поединечните случаи, ако има со хронични болести или некоја друга причина и на тоа може индивидаулно да се одговори“, рече Филипче.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе