На Филозофскиот факултет

„Фер муабет” за студентите со попреченост

По повод одбележувањето на 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, денеска во Скопје во организација на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет ќе се одржи настан посветен на студентите со попреченост „Фер муабет”.

Воведни обраќања, како што е најавено, ќе имаат претседателот Стево Пендаровски, ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев и раководителката на Институтот за специјална едукација и рехабилитација Наташа Станојковска-Трајковска.

На настанот ќе биде промовирано и списанието на студентите на Филозофскиот факултет на Брајово писмо „Внатрешен Патник” и ќе бидат доделени награди од Фондацијата „Проф. д-р Љупчо Ајдински”.

 

Интернационалистички, универзалистички и солидарен пристап е единствениот начин да се надмине еколошката и климатска криза, во регионот и пошироко.

повеќе

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе