Етапна дигитализација на учебниците, на есен почнува во четврто одделение, најави Царовска

Дигиталните учебници во образованието ќе се воведуваат етапно, а целосно ќе бидат воведени за пет години. Од учебната 2021/2022 ќе се применуваат само во четврто одделение, најави министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа денеска повтори дека учебниците што сега се користат го немаат потребниот квалитет, не се усогласени со новите наставни програми и не ги пресретнуваат потребите на учениците за знаења и истражувања.

„Дигитализација наредната учебна година се случува само по програмата за четврто одделение, која е нова. Стари учебници за нова програма не се применуваат, што значи дека учебниците кои се дигитализираат согласно програмата за четврто одделение ќе бидат ставени во употреба од страна на училиштата на дигиталните платформи. За прво одделени учебниците се, исто така, нови, зашто имаме и нови програми. Тие ќе добијат печатена верзија од четирите задолжителни предмети, но не значи дека нема да можат да користат и други дигитални алатки зашто светот тоа го бара“, изјави Царовска.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на платформата за електронски упис на првачиња, таа кажа дека новиот Закон за учебници дава можност наставниот кадар да избира од три учебници, за кој ќе смета дека е најсоодветен, а првпат, како што додаде, се демонополизира издавањето учебници со ексклузивни договори.

Царовска соопшти и дека училиштата во текот на летото ќе се опремуваат со библиотеки со дигитални уреди за учениците кои ги немаат. Ученик кој не ќе може да користи дигитален учебник ќе може да има печатен, ако е од ранлива група на семејство ќе го добие од училиштето, а ако не е, самостојно ќе го отпечати.  

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе