Реакција на изјавите на Филипче и Караџовски

ЕСЕ: И приватното здравство сега не смее да биде прашање на бизнисот

„Бараме од министерот за здравство да го промени концептот на јавно приватно партнерство, при што договорите со приватните здравствени установи ќе гарантираат дека граѓаните кои ќе добиваат здравствени услуги во приватните здравствени установи нема да плаќаат надомест за добиената услуга“, наведува Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на - ЕСЕ, како реакција на изјавите дека е тоа „прашање на бизнис и политика“.

На вчерашната прес конференција на министерот за здравство, Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски беше изјавено дека прашањето за јавно приватно партнерство со приватните здравствени установи за поддршка на јавниот здрвствен сектор при справување со пандемијата е прашање на „политика и бизнис".

Потенцираме дека јавното здравје е основно човеково право и не смее да се толкува како прашање кое зависи од политички и бизнис одлуки, особено во услови на пандемијата со ковид-19, реагираат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на - ЕСЕ.

„Приватните здравствени установи имаат една примарна цел, а тоа е постигнување висок профит при обезбедувањето на здравствените услуги за повисоки цени. Додека пак, целта на јавниот здравствен систем треба да биде подобрување на општото здравје на граѓаните за пониска цена и со повисок квалитет. Во таа насока, бараме од министерот за здравство да го промени концептот на јавно приватно партнерство, при што договорите со приватните здравствени установи ќе гарантираат дека граѓаните кои ќе добиваат здравствени услуги во приватните здравствени установи нема да плаќаат надомест за добиената услуга. Дополнително, државата нема да плаќа поголем износ од цената на чинење на услугата во јавните здравствени установи, и јавното приватно партнерство ќе се темели на солидарност, висок квалитет и ниски трошоци", се наведува во реакцијата.

„Јавното здравје треба да биде примарен буџетски приоритет, имуно на политички и бизнис интереси и достапно за сите без никаков надомест", нагласува Здружението.

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе