Министерство за здравство

Епидемијата не стивнува, активни 3.526 случаи на заразени со ковид-19

Во последните неколку недели во земјава се бележат трицифрени бројки на заразени од ковид-19. И покрај мерките за носење маска и држење дистанца, како и воведените протоколи, епидемијата не стивнува. Најмногу случаи и натаму има главниот град, а од скопските општини предничи Чаир.

136 нови случаи на заболени од ковид-19 беа регистрирани вчера, оздравеле 123 заболени, а шест лица починале. Направени се 991 тестирања.

Од почетокот на епидемијата досега во земјава се регистрирани  8.111 случаи на заразени лица, излекувани се 4.203 лица, а починаа 382. Додека, бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.526.

Во последниов период најмногу нови случаи се бележат во Скопје, каде има 1.838 активни случаи,  во Куманово се активни 186,  во Дебар 89, Штип 172, Прилеп 63, Тетово 320, Струга 161, Велес 35, Битола 26, Охрид 133, Кавадарци 17, Гостивар  се активни 143, Гевгелија 2, Струмица 16, Крива Паланка 9, во Радовиш се активни четири случаи, Крушево 7, Кочани 15, Пробиштип 24, Демир Хисар 7, Македонски Брод  се активни четири случаи, Пехчево 1, Берово 1,  Виница  1, Кратово 3, Свети Николе 110, Кичево 62, Ресен 82 и Неготино три случаи.

По општини во Скопје, најмногу активни случаи се бележат во Чаир – 300, Аеродром – 159, Бутел – 131, Гази Баба – 189, Центар – 138, Карпош – 140, Сарај – 120, Кисела Вода – 108, Ѓорче Петров – 105, Студеничани – 110, Шуто Оризари – 79, Арачиново – 43, Илинден – 23, Петровец – 18, Чучер Сандево – 11, Сопиште – 9, Зелениково- 14, пет странци и 128 случаи се нераспределени.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе