Центар за јавно здравје

Епидемија на морбили и во Куманово

Центарот за јавно здравје во Куманово вчера прогласи епидемија на морбили. Бројот на заболени од мали сипаници од почетокот на годинава изнесува петнаесет, а последнава недела заболени се три лица. Новозаболени се првоодделенче и двајца здравствени работници од детското одделение од кумановската болница. Детето престојувало во целодневен престој во кумановска градинка.

Извршен е увид во вакциналниот статус на децата во градинката и во училиштето, извршена е дезинфекција и континуирано се врши проверка на вакциналниот статус на децата во градинките на ниво на Куманово, Исто така, тече вакцинирање во Здравствениот дом, се спроведуваат мерки во болницата со ограничени посети, зачестена дезинфекција и тријажа на пациентите, изјави доктор Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Од вкупниот број заболени од почетокот на годинава, единаесет лица се од Куманово, а четири се жители на Општина Липково. Секој ден има нови случаи на морбили. Во последното деноноќие, од средата кон четвртокот, лекарите регистрирале морбили кај седум пациенти и, според податоците на Министерството за здравство, четворица се примени н болничко лекување.

Станува збор за тримесечно бебе кое било упатено од Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле, каде што лежи и неговиот брат кој исто има заболување со морбили. Како компликации му се јавила пневмонија и неговата клиничка слика е тешка. Вториот пациент е едногодишно дете од Тетово, за кое нема податок за вакцинација и нему како компликација од болеста му се јавила пневмонија. Третиот случај е од Велес, деветмесечно бебе, невакцинирано, чиј татко лежи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од морбили и пневмонија. Има уште еден пациент кој има 24 години од Гази Баба, велат од Министерството.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 29 пациенти, од нив 11 се возрасни, а 18 деца. Од почетокот на епидемијата досега се вакцинирани 9.045 граѓани.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе