Прва трансплатација на срце од починат донор

Емилија Динева од Дојран е донорот на органите, Голем човек, велат сите

43 – годишната Емилија Динева од Стар Дојран минатата недела направила сообраќајка со својот нов мопед. Трајно го повредила мозокот и од понеделникот се борела за живот. Но, таа не издржа и синоќа почина. Не почина, велат сите. Таа продолжи да живее. Нејзиното срце и бубрезите спасија три човечки животи.

Социјалните мрежи се „запалија“ од пораките за благодарност за големиот потег на Емилија Динева и нејзиното семејство, сопругот Миле и децата Влатко и Викторија, со одлуката за донирање на органите. Трогателни се пораките помешани од тага по прерано изгубениот живот, но и невидената гордост кои сите ја искажуваат за потегот на Диневи.

Во Македонија рано утрово заврши првата трансплантација на срце од починат донор. Во тек е и трансплантација на бубрезите, кои ќе ги добијат двајца пациенти.

И синот на 54-годишниот Иван Огненовски кој успешно се опоравува по успешната операција и со ново срце,  изрази голема благодарност и сочуство до семејството на починатата Емилија од Дојран.

„Ќе кажам само едно големо благодарам што со донирањето се спасија три животи. Еднаш докторите го вратија татко ми во живот, сега ова е вторпат. Да стивне болката и очекуваме да се запознаеме со семејството на Емилија. Да изразиме сочуство и да знаат дека срцето на нивната ќерка, мајка, сестра, се уште чука. Тоа не поврзува“, рече Васил Огненовски.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе