Во Интервју за ТВ 24

Експерти на СЗО: Квалитетот на лекувањето во болниците е клучен за намалување на смртноста од ковид-19

Од Светската здравствена организација во Женева во интервју за ТВ24 порачуваат дека клучен фактор е квалитетот на лекувањето, одговарајќи на прашањето, зошто смртноста од ковид-19 е толку голема во Македонија. Експертите од СЗО велат дека нивен тим би дошол со конкретни препораки ако државата тоа го побара од нив.

Квалитетот на здравството, лекувањето, хроничните заболувања, како и возраста кај населението се дел од факторите за високата смртност, вели Д-р Кејти Смолвуд од СЗО. Клучен фактор кој може да ја намали смртноста е високата стапка на вакцинација, но како важен фактор го посочува и третманот и медицинската нега на пациентите со ковид.

„Работата која СЗО ја врши со колегите од Македонија е за да се подобри квалитетот на нега во одделенијата за интензивна нега и во болниците, да се осигура дека кислородната поддршка се дава навремено и луѓе кои не мора да се стават на механичка вентилација да не бидат ставени на механичка вентилација. Но, постојат и многу други работи и во моментов имаме многу моќна алатка, бидејќи повеќето хоспитализирања и смртни случаи се меѓу поранливите лица, постарите и со хронични болести можеме да ја намалиме смртноста со зголемување на вакцинираните лица. Вакцинираните ќе бидат заштитени од хоспитализација и во најголем дел од смрт. И тоа ќе изврши драматично влијание врз смртноста од ковид“, вели Смолвуд од СЗО.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе