Ексдиректор на училиште гонет за сексуално вознемирување на жени сега работи како инспектор за надзор

Поранешниот директор на основното училиште „Лазо Ангеловски" во Ново Лисиче, Перо Арсеновски од кого жени вработени во училиштето се жалеа за недолично однесување и сексуално вознемирување, по разрешувањето на почетокот од годинава, бил вратен на своето работно место, односно сега е инспектор за надзор на виското образование.

Граѓанскиот суд во Скопје лани утврди постоење на насилство од страна на директорот на ООУ Лазо Ангеловски во Скопје кон вработена во истото училиште, соопштија од коалицијата Маргини. Пресудата е резултат на тригодишна борба на вработената преку нејзиниот полномошник, адвокатката Марта Гусар.

Информацијата дека ексдиректорот е вратен на старото работно место за „Фокус" ја потврдиле и од Државниот просветен инспекторат, од каде објасниле дека Арсеновски бил вратен на претходното работно место.

„Согласно постојната законска регулатива работно место е во мирување за избрано или именувано лице, а по завршувањето на мандатот, лицето е вратено на претходното работно место. Со оглед на тоа што поседува лиценца за инспектор, ги исполнува законските услови во моментов е на работно место инспектор во oдделение за инспекциски надзор во високото образование, научните институти и студентските домови“, изјавиле од Државниот просветен инспекторат..

Арсеновски беше разрешен на барање на градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски со образложение дека за него имало бројни поплаки, како и дека со неговото однесување предизвикал бурни реакции во јавноста и нанел голема штета на училиштето.

„И покрај тоа што претходниот директор беше повторно предложен да раководи со најголемото училиште во Аеродром, од етички и морални причини градоначалникот Тимчо Муцунски одби да го именува на таа функција со цел заштита и одржување на угледот на училиштето, на наставниот кадар и на самите ученици“,  изјавиле од Општина Аеродром.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе