Ги повикала директорката на Здравствен дом Охрид

Екипата на Црвен крст Охрид тврди дека била повикана да помага за вакцинацијата во „Билјанини извори“, па избркана

Екипа на Црвен крст која утрово требало да го помага процесот на масовна вакцинација во спортската сала „Билјанини извори“, била грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид. Во објавата на Фејсбук страницата на Црвениот крст од Охрид, пишува дека иницијативата да помагаат била на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид. 

„Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 04.05.2021 г., во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во процесот на масовна вакцинација во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната вакцинација во Охрид. За жал и овој пат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се вакцинираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуват вакциналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна вакцинација против ковид-19. Нашите волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вакцинација против Ковид-19 на вакциналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид“, се вели во објавата. 

Тие го повикаа министерот за здравство, Венко Филипче да даде одговор зошто било постапено на овој начин. 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе