Состојба со болничките капацитети

Една хоспитализација поради ковид-19 во Скопје за 24 часа

Во изминатите 24 часа, освен на Инфективната клиника каде е примен еден пациент поради компликации од ковид-19, во другите ковид-центри немало прием на пациенти. Дома се пуштени два пациента, а според последните податоци на болничко лекување се 30 лица, од кои на Инфективната клиника 18 и во ГОБ „8 Септември“ 12 пациенти. Во болниците во другите градовие пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани три пациенти, во болницата во Штип шест пациенти, на Инфективното одделение во Тетово 2 пациента, во Велес се лекуваат две лица, а во Куманово 15 пациенти. Во ковид - центарот во Охрид има хоспитализирано осум пациенти, во Прилеп пет, во ковид - центарот во Гостивар осум, а во Струга тројца пациенти. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кичево еден, додека во Кавадарци и во Гевгелија и денеска нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот. 

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе