На сите им пречи ако има депонија во нивна близина

Две студентки на ФИНКИ направија истражување за штетното влијание на луѓето врз животната средина

Ана Богоевска и Јана Велјаноска, студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство поставија пред себе задача да изработат проект по предметот Медиуми и комуникации на тема „Штетното влијание што го имаат луѓето врз животната средина“ поради актуелната ситуација со сѐ уште активните пожари во нашава држава. Пожари исто така има сѐ уште и во светот посебно во летниот период, ситуација која се повторува години наназад. На прашањето „Дали би ве загрижувал фактот ако на вашето место на живеење има депонија“, сите испитаници одговориле потврдно. 

Главна цел на ова истражување е да се приберат информации од студентите за тоа колкаво е штетното влијание што го имаат луѓето врз животната средина, што го налага денешниот современ урбан живот и за развиената свест кај нив за преземање активности за заштита и унапредување на животната средина.

Значењето на ова истражување е да се поттикнат студентите да земаат активно учество во борбата за живеење на добар, квалитетен и здрав живот.

За потребите на проектот беше спроведена анкета во соработка со универзитетите во Република Северна Македонија. Анкетата послужи како инструмент за анализа на оваа студија. Во анализата на оваа студија беа вклучени одговори на 128 испитаници.

Преку анкетата добиени се информации за начините за подигање на еколошката свест кај луѓето, за влијанието на загадениот воздух врз здравјето на човекот, како и за свесноста на луѓето за климатските промени.

Додека пак анализата на резултати покажала дека:

Возраста влијае врз еколошката свест кај луѓето преку одржување на еко-
работилници и спроведување на еко-проекти

Степенот на образование исто така влијае врз свеста на луѓето за важноста
на климатските промени

Местото на живеење влијае врз свеста на луѓето за влијанието на
загадениот воздух врз здравјето на луѓето

И полот не определува во која мера луѓето водат еколошки стил на живот.

За таа цел тимот сподели неколку препораки за заштита на животната
средина:

Бидете во тек со најновите информации за животната средина и
размислете што може да направите!

Чувајте ги шумите, бидејќи тие се белите дробови на нашата планета!

Засадете дрво!

Рециклирајте за зачувување на природните ресурси и просторот во
депонија!

Секојдневно проверувајте ги информациите кои се однесуваат на
загаденоста на воздухот во вашето место на живеење што се преземаат од
мерните станици со користење на апликацијата „Мој воздух"!

Купувајте помалку пластика и понесете торба за повеќекратно купување!

Почесто заменувајте ги автомобилите со велосипед или пешачење!

Возете електрични автомобили или тротинети!

Избирајте работи за повеќекратна употреба наместо работи за една
употреба кои ја зголемуваат количината на ѓубре!

Хемикалиите заменете ги со природни производи за убавина и хигиена,
природни средства за чистење на домаќинствата и органска храна!

Користете батерии на полнење!

Исклучувајте ги светлата тогаш кога не ви се потребни!

Намалете ја температурата на рерната за 25 степени ако користите
стаклени или керамички садови!

Размислете за купување на природен мебел!

Користете машината за миење на садови, бидејќи таа троши помалку
електична енергија од рачното миење со топла вода од бојлерот!

Машината за перење алишта вклучувајте ја само кога е полна!

Кога пеглате прво сортирајте ги алиштата според температурата која е
потребна за одреден вид на облека и започнете со пеглање на алиштата за кои
е потребна помала температура. Пред крајот на пеглањето исклучете ја
пеглата и допеглајте со исклучена пегла!

Не ставајте топли јадења во фрижидер и не го отварајте често!

Користете сијалици со економична потрошувачка!

Користете соларни колектори за добивање топла вода!

Користете печки на панели за греење!

 

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе