Дневна статистика на Министерството за здравство

Две лица починаа, регистрирани 83 нови случаи на ковид-19

Од направени 2.074 тестови, регистрирани се 83 нови позитивни случаи на ковид-19, од тоа 40 се во Скопје. Починаа две лица поради компликации од болеста.  Бројот на активни случаи во земјаа е во опаѓање и изнесува 3.270 болни или позитивни на вирусот, а во Скопје активни се 1.312 случаи.

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 259 оздравени пациенти од:
Скопје – 128, Куманово – 25, Битола – 21, Тетово и Струмица – по 10, Виница – 9, Прилеп – 8, Штип – 7, Кичево – 6, Велес – 5, Гостивар – 4, Ресен, Радовиш и Дебар – по 3, Кавадарци, Кочани, Гевгелија, Неготино, Берово и Пробиштип – по 2, Охрид, Свети Николе, Крива Паланка, Богданци и Демир Хисар – по 1.

Пријавени се вкупно две починати лица: едно лице од Скопје (67г) и едно лице од Кавадарци (80г). Од пријавените, двете лица се починати во болнички услови.

Направени се 2.704 тестови преку: ИЈЗ-252, ЦЈЗ Скопје-67, ЦЈЗ Битола-70, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово – 8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-7, Институт за микробиологија–57, МАНУ-90, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Авицена-218, Биотек-406, Систина-212, лабораторија Лаор-304, Синлаб-42, Ремедика-26, Плодност–29, Генеа–7, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 718.

Досега во земјата се направени вкупно 760.498 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68.298, активни 1.312
Куманово 8.784, активни 303
Прилеп 8.272, активни 160
Тетово 7.194, активни 116
Битола 6.271, активни 214
Велес 5.463, активни 86
Гостивар 5.159, активни 55
Кавадарци 5.148, активни 48
Охрид 4.989, активни 203
Штип 4.955, активни 67
Струмица 4.101, активни 89
Струга 2.972, активни 74
Кочани 2.776, активни 52
Кичево 2.540, активни 81
Гевгелија 2.190, активни 33
Неготино 2.179, активни 21
Свети Николе 1.519, активни 42
Ресен 1.233, активни 41
Крива Паланка 1.218, активни 7
Радовиш 1.140, активни 58
Берово 1.027, активни 8
Делчево 967, активни 27
Дебар 938, активни 5
Виница 874, активни 58
Пробиштип 789, активни 16
Валандово 665, активни 6
Богданци 493, активни 7
Крушево 488, активни 22
Демир Хисар 397, активни 21
Демир Капија 396, активни 2
Кратово 367, активни 15
Македонски Брод 356, активни 1
Пехчево 267, активни 3
Македонска Каменица 247, активни 17
Дојран 132, активни 0

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе