Две лица починаа од ковид-19, 53 нови случаи

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа, направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на ковид-19:

Од новите случаи во Скопје – 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани сe 94 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови.

Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе