Намален бројот на болни во ковид-центрите

Две болни лица од ковид-19 примени на болничко лекување во Скопје во последните 24 часа

Во изминатите 24 часа во Скопје се хоспитализирани двајца пациенти заболени од ковид19, а еден пациент како оздравен е пуштен домат. Вкупно 51 лице се лекува на инфективните одделенија во Скопје, а 75 во болниците во другите градови, повеќето од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат седум пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има 17 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 27 лица.

Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 90 слободни места во скопските центри, додека низ целата земја празни се околу 500 болнички легла.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 10 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19, во болницата во Штип-10 пациенти, на инфективното одделение во Тетово - 5 пациенти, во Велес - 7 болни, во Куманово 14 пациенти, во ковид центарот во Охрид - 5 пациенти, во Прилеп - 3, во Гостивар - 7, а во Струга 5 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 7 пациенти, во Кичево 2 и во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе