Двајцата пациенти кои беа донесени од софиската болница, денеска одат на домашно лекување

Двајцата пациенти, кои беа повредени во несреќата со македонскиот автобус во Бугарија, а кои по лекувањето во болницата „Пирогов“ во Софија се хоспитализирани на скопската Клиника за пластична хирургија, денеска ќе бидат испишани на домашно лекување.

„Тие се во добра здравствена состојба, ќе продолжи третманот во делот на психилошката поддршка“, информираше министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска, како што најави, од Софија ќе стигнат уште тројца пациенти. Едниот е веќе тргнат, другите двајца ќе тргнат во попладневните часови и ќе стигнат подоцна вечерва. Според Филипче, тие добро се чувствуваат, можат да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент, тој веќе е вертикализиран и почнува да оди.

Во тешката автобуска несреќа која се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во Бугарија, кога се запали македонски автобус, животот го загубија 45 лица, а седуммина беа повредени.

 

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе