Од компанијата „Синохидро“

Двајцата кинески инженери кои што пристигнаа во државава, се без симтоми на коронавирус и се под здравствен надзор

Двајца инженери од Кина кои се меѓу работно ангажираните лица од кинеската компанија „Синохидро“ за градежните работи на автопатот Кичево-Охрид, вчера пристигнале во државава и се ставени под 14-дневен здравствен надзор во соба за изолација. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација во Кина овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија, изјави денеска епидемиологот Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје.

„Со заштитна опрема заедно со двајца лаборанти од Одделението за вирусологија ги пречекавме двете лица на аеродромот во Скопје. Постапивме согласно сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. Согласно протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба во соодветна барака за изолација во кичевското село Извор“, рече Караџовски.

Тој објасни дека сите лица кои ќе пристигнуваат од Кина ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисеви, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор согласно законските регулативи и прописи.

Караџовски додаде дека се очекува идната недела во државава да пристигнуваат и други лица работно ангажирани од „Синохидро“.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе