Двајца здравствени работници починаа од ковид-19

Медицинска сестра од од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од ковид-19. Како што информираат од Министерството за здравство 55-годишната жена во тешка здравствена состојба била донесена на болница, а предходно подолг период била на боледување. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола.

Вангел Трајчулески бил хоспитализиран десетина дена во инфективната клиника, а денеска починал поради компликации од ковид-19.

Веста за неговата смрт ја потврдија од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

„Уште една жртва доктор. Нека почива во мир нашиот колега од Крушево, д-р Вангел. Сочувство и добро здравје до семејството", објавија од Асоцијацијата на фејсбук.

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе