Трансплантациите се во тек

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од починат донор чие семејство вчера попладне дало согласност за да ги донира органите, а дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пацинети кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, соопшти Министерството за здравство.

Како што стои во објавата, националниот координатор д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори заедно со екипите од Клиниката за Неврохирургија, КАРИЛ, Рендген институтот, Клиниката за трансфузиологија, Клиниката за нефрологија, Клиниката за кардиологија и хируршките клиники за Урологија и Ортопедија викендов успешно ја прават третата по ред трансплантација од почетокот на годинава.

„Благодарност до семејството на пациентката, особено до нејзината млада храбра ќерка чија храброст, хуманост и добрина ни донесоа ден полн надеж и живот за најмалку двајца пациенти. Уште еднаш големо сочувство за нивната загуба и благодарност за нивната хуманост“, велат од Министерството за здравство.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе