Се зголемува бројот на заразени

Дури 70 отсто од заразените се со британскиот сој на ковид-19, вели Филипче

Според испитувањата на лабораторијата во Клиниката Жан Митрев британскиот сој на коронавирусот е присутен во 70 отсто од случаите. Очигледно е дека се зголемува бројот на заболените и дека еден дел се должи на овој сој, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Зголемен е број на пациенти кои се хоспитализираат, но не го нарушува капацитетот на болниците. Во Скопје има слободни болнички кревети на Инфективната клиника, без модуларната. Во било кој момент се спремни капацитетите на клиниките пак да бидат ковид центри. Дополнителни мерки дефинитивно е можно да има, но засега не. Гледаме и пратиме дали трендот ќе продолжи вака за да биде ризик да се преоптеретат болничките капацитети“, рече Филипче.

Во делот на мерките, тој потенцира дека дефинитивно е можно воведување дополнителни рестриктивни мерки, меѓутоа засега не.

„Гледаме и следиме дали овој тренд ќе продолжи на овој начин до тој степен да биде ризик повторно да се оптоварат болничките капацитети и поради тоа што засега нема таква индиција сметаме дека ова е нешто што сега засега добро се менаџира, но не ја исклучувам таа можност“, додаде Филипче.

Тој информира дека вчера е потпишан договорот за набавка на 100.000 дози од руската вакцина и дека веќе денеска преку контакти со Руската амбасада ќе се обидат да добијат поконкретни информации кога тие ќе пристигнат. За кинеските вакцини Филипче рече дека се испраќаат дополнителни документ и дека се надева оти деновиве ќе го имаат и конкретниот датум кога тие ќе пристигнат во земјава.

За наводно слабиот интерес за вакцинација Филипче вели дека околу 180.000 граѓани се регистрирани во системот „Мој термин" како хронични болни или на возраст над 70 години. Досега се пријавиле 50-тина илјади за вакцина.

„Битно е дека бројот на здравствени работници кои сакаат да се вакцинираат е голем. За две недели ќе ги вакцинираме сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите. Планираме и кампањи и повици преку матичните лекари, како и за секоја вакцина, како на пример при епидемијата со морбили лани“, додаде Филипче.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе