ДСЗИ ја истражува смртта на помладите пациенти починати од ковид-19

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува девет вонредни инспекциски надзори за пациенти во помлада возраст, кои за жал ја загубија борбата со Ковид-19, информира директорката на инспекторатот, Ирина Сотирова Бухова.

Директораката на денешната прес-конференција посочи дека од почетокот на пандемијата до денес ДСЗИ иницираше и заврши 21 вонреден инспекциски надзор. За истите тие имаат поднесено иницирање на вонредни стручни надзори, кои не ги работи ДСЗИ, ги работи Министерството за здравство или лекарската комора.

Прашана дали имаат претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на лекарите, Бухова рече дека последниве неколку дена немаат добиено претставки.

Во последните денови или недели немаме претставки од граѓаните по основ на несоодветно лекување од страна на докторите. Вонредни инспкециски андзори ги правиме по допрен глас, по иницијатива на ДСЗИ, по иницитјаитва на Министерството за здравство, рече Бухова во одговор на прашање.

Таа информира дека надзорот во клиничката болница во Битола по однос на акутелната случувања, е се уште во тек.

Тоа што можам да ви го кажам во однос на капацитетите од утринскиот почеток на надзорот, за истата болница е дека во тријажниот центар за ковид-19 и сите други респираторни инфекции битолската болница располага со 33 кревети од кои сабајле во утринските часови беа пополнети 68. Централен довод за кислород има за 50 кревети, за останатите има две големи и за секој останат по една помала боца, додаде Бухова.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе