„Доверете ни го вашето здравје“, Светски ден на фармацевтите

Под мотото „Доверете ни го вашето здравје” денеска се одбележува Светскиот ден на фармацевтите, а според Фармацевтска комора на Македонија, ова мото е избрано поради фактот што во оваа ера на пандемија, токму довербата што пациентите ја имаат кон здравствените работници, меѓу кои и фармацевтите како едни од најдостапните, е таа што помага полесно да се соочиме со ковид-19.

„Довербата е клучен сегмент од човечките односи и основен елемент од социјалниот капитал. Довербата е, исто така, од суштинско значење во процесот на здравствената грижа. Постои значајна корелација помеѓу довербата во здравствените работници и резултатите од лекувањето на пациентите. Анкетите покажале дека во различни клинички оддели, со поголемата доверба во здравствените работници, пациентите изразиле поголемо задоволство од лекувањето и покажале многу поповолни здравствени резултати, а пројавиле и помалку симптоми и поголем напредок во квалитетот на животот”, пишува во соопштението од Комората.

Во него се додава дека бројните истражувања со години наназад, во континуитет ги сместуваат фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници.

„Исто така, и едукаторите се постојано во првите пет, и, според најновите истражувања, научниците се едни од најдоверливите луѓе во светот. Фармацевти, едукатори и научници. Тоа е нашата фармацевтска професија”, се наведува меѓу другото во соопштението од Фармацевтска комора на Македонија.

Исто така, се додава дека во време кога владее несигурност кон вакцините, јавната доверба е од најголемо значење од кога било досега.

„Ние фармацевтите даваме совети поткрепени со најновите научни докази. Ние можеме аргументирано да им се спротивставиме на антиваксерите и да ја зголемиме довербата кон вакцините во полза на нашата заедница”, велат од Комората.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе