Епидемијата не стивнува

Досега најголем број - за една недела 134 новозаболени од морбили

Последнава недела регистрирани се 134 нови случаи на заболени од мали сипаници и бројката расте. Трендот на регистрирање на голем број на заболени од мали сипаници продолжува, а веќе неколку недели по ред бројот на новозаболени е повеќе од 100.

Од новозаболените 48 се од Скопје, а останатите 86 се од десет други градови со што вкупниот број на зафатени градови изнесува 22, велат од Институтот за јавно здравје. Најголем број регистрирани се возрасни лица над 30 годишна возраст.

Здравствените власти велат дека не се очекува брзо намалување на бројот на заболени, ниту пак привршување на епидемијата.

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина изнесува околу 25 илјади деца, дополнително се вакцинирани вкупно 1.780 лица, од нив повеќе од 65% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта.

Едно лице од заболените е во тешка здравствена состојба. Таа вчера била хоспитализирана на Клиниката за инфективни болестиво Скопје. Од таму велат дека на одделите во потешка состојба се уште три деца и двајца возрасни.

На клиниката се лекуваат 36 заболени од морбили, од кои 23 возрасни и 13 деца. На Клиниката за детски болести во моментов се лекуваат шест деца болни од мали сипаници, но тие не се во тешка здравствена состојба.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе