Министерство за здравство

Досега аплицирани 145.043 дози вакцина, ревакцинирани 23.862 граѓани

Досега во Македонија против ковид-19 со пррва доза се вакцинирани 121.181 граѓани, а 23.862 граѓани добија и втора доза од вакцините, со што вкупно аплицирани се 145.043 дози вакцина, соопшти Министерството за здравство. Според Министерството, вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а досега  преку веб платформата vakcinacija.mk  интерес за вакцинација пројавиле 303.574 граѓани.

Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден прва доза вакцина против ковид-19 примиле 13.076 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.033 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани  вакцини, од нив 121.181 граѓани се вакцинирани со прва доза, а ревакцинирани се 23.862 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

„Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во арената А1 - СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и во Охрид", велат од Министерството за здравство и апелираат до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе