Министерството за образование за состојбите во училиштата

Досега 42 ученика и 65 наставници заболени од ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека заклучно со денес во 12 часот се регистрирани вкупно 42 активни случаи на ковид-19 кај учениците и 65 кај наставници. Од нив 29 се ученици во основно образование, а 13 во средно, додека 47 наставници се од основното, а 18 од средното образование.

Од активните случаи во средното образование, ниту еден од учениците и наставниците не учестувале во настава со физичко присуство и согласно тоа немале контакт со остатокот од учениците или наставниот кадар, велат од Министерството.

Во однос на основните училишта пак, од активните случаи седум ученици и петмина од наставниците имале настава со физичко присуство во училиштата. Министерството известува дека во сите случаи почитувани се препораките од Центрите за јавно здравје и е постапувано согласно алгоритмите.

Учениците кои следеа настава со физичко присуство, а сега се во изолација поради ковид-19, учењето го продолжуваат од далечина, со што се обележува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование уште еднаш предупредува дека од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата и апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата со што ќе го спречат ширењето на болеста.

Во однос на онлајн наставата, Министерството пресметало дека околу 87 отсто од учениците ги следат часовите од дома без никакви потешкоти. За останатиот дел кои немаат уреди, или интернет конекција часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе