Министерството за здравство

Дополнителни термини за вакцинирање лица на 73 и 74 години

Министерството за здравство вечерва соопшти дека во салата Борис Трајковски има дополнителни слободни термини за граѓани од 73 и 74 години.

Термините се отворени од вечерва и им се препорачува на граѓаните од оваа возрасна група што изразиле желба за вакцинација преку веб-страницата vakcinacija.mk или преку матичен лекар, да се пријават кај својот матичен лекар за да им закаже термин за вакцинација.

Вакцинацијата за овие групи граѓани ќе почне од четврток, на пунктовите во А1 СЦ Борис Трајковски.

За останатите граѓани, вакцинацијата продолжува согласно со Националната стратегија за ковид-имунизација со приоритет врз основа на возраста.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе