Соопштение на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

Донирани компјутери за ученици од гимназијата „Никола Карев“ и училиштето „Аврам Писевски"

Гимназијата „Никола Карев" и основното училишпте „Аврам Писевски" од Скопје денеска, како донација, добија компјутери за сите ученици кои немаа соодветен уред за следење на онлајн настава на почетокот на оваа учебна година. Со оваа донација, од вкупно 30 компјутери, ќе се покријат во целост побарувањата за уреди на учениците во двете споменати училишта, соопшти Првата детска амбасада „Меѓаши".

Донираните компјутери се користени, но сервисирани и целосно ставени во функција за непречено користење од страна на членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ.

„Нешто што започна како индивидуална граѓанска акција чии иницијатори се: Центар за управување со знаење, Стопанска Комора за ИКТ - МАСИТ, Асоцијација на советници за развој на кариера - АСК Скопје и Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија би сакале да прерасне во сеопфатна мобилизација. Наша клучна задача како организации е да иницираме и поттикнуваме враќање на вистинските вредности за филантропија, солидарност и емпатија", изјави Драги Змијанац, основач и претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ.

Следејќи ја актуелната состојба со отпочнување на новата учебна година и настанатите потешкотии за нејзина реализација за голем број училишта и деца, се вели во соопштението, овие организации свесни за потребата за мобилизација и за заедничко здружување на ресурсите и презентирање на проактивен организациски пример, одлучија да понудат помош и поддршка преку реализирање на пилот активност за мобилизација на претпријатија и други организации кои би биле подготвени да донираат компјутерска опрема за децата од социјално загрозени семејства.

„Би истакнала дека ова наша соработка е вистински пример како заедничката повисока цел, јасниот фокус и посветеност кон остварување таа поставена цел може да ги поврзе компаниите и организациите и да даде резултат. Исклучително се гордеам со фактот дека во изминатите три месеци покажавме вистински пример за соработка, координација и истрајност, гледано од професионален аспект", изјави Катерина Златановска Попова, претставник на Асоцијацијата на советници за развој на кариера АСК Скопје.

„Ги повикуваме сите кои би сакале да ја покажат големината на солидарноста во кризни времиња, кои имаат можности и желба да направат разлика, независно дали се работи за компании, институции или организации, да истапат и да нѐ контактираат, а ние ќе им го споделиме нашето искуство, патот кој го изодевме во изминатите три месеци до финализирање на донацијата", рече Андријана Богдановска, Директор на Центарот за управување со знаење.

„Акцијата е мал пилот и со истата првично опфативме едно основно и едно средно училиште, а донациите на уредите и нивното сервисирање се од членките на Стопанска Комора за ИКТ – МАСИТ, и тоа во овој наврат од компаниите Нетцетера и ИНет, двете од општина Карпош. Планираме ова да биде континуирана активност која ќе се спроведува и во претстојните месеци, а наша огромна желба е да покриеме што повеќе училишта и да обезбедиме што поскоро доволно уреди за сите деца да можат да следат онлајн настава оваа учебна година", изјави Анита Никова, извршен директор на МАСИТ.

Донацијата е реализирана во координација со Министерството за образование и наука, одговорните лица во секторот за образование во Град Скопје и Општина Карпош како и несебична поддршка од директорите на споменатите училишта кои ќе се погрижат донираните уреди да стигнат до учениците на кои им е најнеопходна.

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе