Донирана медицинска опрема во Клиничкиот центар во Скопје

Mедицинска опрема за Клиничкиот центар „Мајка Тереза" во Скопје ќе донираат денеска Асоцијацијата Алзас – Македонија и хуманитарната организација „Надеж на Ориентот" од Алзас, Република Франција.

Станува збор за донирање колички за лица со ограничена мобилност, помагала за движење и болничка опрема.

Примопредавањето на донацијата е во рамки на акцијата, што ја спроведуваат овие две организации кои вчера донираа медицински помагала и опрема во ЈЗУ Здравствен дом во Велес и во Болницата за белодробни заболувања во Јасеново.

Акцијата за донација на опремата се одвива во патнерство со фондацијата „Фокус“- Велес, Општина Велес и хуманитарната организација „House of hope – Ленче Здравкин“.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе