Донесени протоколи за работа на музеите и галериите

Владата денеска на седница донесе Протокол за работа на музеи, галерии и изложбени простори, како и Протокол за спроведување на мерки за заштита од ковид-19 при организација на настани, промотори, рентал компании, видео и аудио продукции и техничка поддршка на овие настани.

На оваа седница, соопштуваат од владината  прес-служба, донесени се и Протоколот за упис на ученици во јавните ученички домови во учебната 2020/2021 година, Протоколот за работа на танцовите и балетските клубови, Протоколот за вршење на меѓуградски превоз, како и Препораки и упатства за спречување на ширење на ковид-19, при влез на македонски и странски државјани во Република Северна Македонија.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе