Донација од Данска, пристигнуваат 250.000 вакцини „Астразенека“

Данската Влада намени еден милион дози вакцини, по 250.000 дози како донација за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и за  Македонија. Владата намени уште еден милион дози вакцина „Астразенека“ за меѓународниот механизам за дистрибуција на вакцини КОВАКС. информира Амбасадата на Данска во Белград.

Од таму велат дека во моменталната епидемиолошка ситуација, данските здравствени власти ја вклучија вакцината на производителот „Астразенека“ како изборна. Бидејќи побарувачката за оваа вакцина е многу ограничена, данските власти одлучиле да ја поделат порачаната количина вакцини „Астразенека“ со земјите на кои им е потребна.

„Нашите соседи на Балканот имаат значаен недостиг на вакцини, што истовремено оптоварува некои заедници и го зголемува ризикот од нови жаришта, кои може да се појават и да се прошират. Затоа ми е драго што можеме да излеземе во пресрет и да им помогнеме на нашите блиски партнери со ова апсолутно неопходно оружје против пандемијата, односно со вакцините. Западниот Балкан е дел од нашето непосредно соседство и имаме силен заеднички интерес да се држиме заедно и во пандемијата“, изјави министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе