Донација на Големата ложа на Македонија за болницата во Битола

В четврток ќе се отворат реновираните простории на Службата за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување (САРИЛ) како дел од Клиничка болница Д-р Трифун Пановски во Битола. Ова реновирање е организирано и помогнато од Големата ложа на Македонија.

На свечената церемонија ќе се обратат Александар Обедниковски, директор на Клиничка болница Д-р Трифун Пановски, Марјан Бојаџиев, голем мајстор на Големата ложа на Македонија и Беким Сали, министер за здравство.

Големата Ложа на Македонија е суверена масонска ложа. Таа е единствена масонска организација која е призната од „мајката" на светската масонерија, Обединетата голема ложа на Англија (United Grand Lodge of England - UGLE).

Светлото во Големата ложа на Македонија го внесе токму УГЛЕ на 30 септември 2005 година. Тоа беше прво внесување на светлина од страна на УГЛЕ после 100 години.

Првите ложи во Македонија ги формираше токму УГЛЕ и тоа: ложата Скопје, во 2000 година, ложата Единство во 2002, прва ложа во историјата која работи на македонски јазик и ложата Бели Мугри во 2003 година.

Денес во Македонија работат вкупно 220 браќа организирани во 8 ложи, од кои една, Quatuor Coronati, се бави само со истражувања.

Нераскинливите врски со Англија и ден денес се активни преку огранок на степенот на Кралскиот свод (Royal Arch) кој работи под јурсидикцука на Supreme Grand Chapter of England.

За значењето на ГЛМ доволно е да се погледне обраќањето на Pro Grand Master на UGLE Peter Lowndes по повод 20 години од масонеријата во Македонија, каде меѓу другото истакна: „...Вие, најпочитуван голем мајсторе, природно, сè уште се сметате за релативно млада Голема ложа, но за време на вашето постоење секогаш сте ја вршеле својата работа на вистински масонски начин. Вие сте почитувани од сите други големи ложи кои ве познаваат, пред сè низ Европа.

Кога вие и вашите претходници сте зборувале, другите слушале. Вие изгледате и се однесувате како да сте многу постара Голема ложа...“

Со Големата Ложа на Македонија раководи нејзиниот петти голем мајстор, Марјан Бојаџиев.

Масонеријата се бави со ритуална работа и едуцирање и подобрување на своите членови, пред сé од аспект на моралните вредности.

Масонеријата е активна и во добродетелската работа. Во последниве години, Големата ложа на Македонија донираше материјали на Клиничкиот центар Скопје, на почетокот на ковид пандемијата, донираше на браќата од Хрватска погодени од земјотресот во Глина и Петриња, донираше за потребите на народот во Украина.

Сепак најголема донација на братството во време на ковид-19 е донацијата за САРИЛ при Клиничката болница Д-р Трифун Пановски од Битола.

Донацијата опфаќа целосна реконструкција на одделот се спроведе во сораборка со Министерството за здравстви како и раководството на болницата. Донациите во износ од 4,4 милиони денари ги обезбедија браќата - членови на Големата ложа на Македонија.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе