Влада

Домашна самоизолација за лицата вратени од странство со направен ПЦР тест

Доколку лицата вратени од странство со хуманитарни летови или конвои во последените 72 часа пред да влезат на територија на Република Северна Македонија, имаат направено ПЦР тест за коронавирусот КОВИД-19, наместо во задолжителен државен карантин, ќе се упатуваат во задолжителна домашна самоизолација.

Како што соопшти владината прес-служба ова е предвидено со изменета и дополнување на Одлуката за спроведување на задолжителен државен карантин на државјаните на Македонија вратени од странство со хуманитарни летови или конвои донесени на вчерашната седница на Владата.

„Наместо задолжителен државен карантин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, соопштија од Владата. 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе