Во ГОБ „8 Септември“

Доктор Елези ја изврши првата операција за „скратување желудник“ за намалување телесна тежина

Луѓето со поголема телесна тежина сега веќе нема потреба да патуваат надвор од нашата земја за да извршат хируршка интервенција  „Скратување на желудникот“, односно bariatric sleeve gastrectomy со цел намалување на прекумерната телесна тежина, регулирање на шеќерната болест и избегнување на проблемите што се последица на болеста. Истата операција сега може да се изврши и во нашата земја и тоа кај познатиот хирург Газменд Елези од Кичево кој повеќе од дваесет години живее и работи во Скопје во градската болница „8 Септември“.


Тој по успешно завршената едукација во Истанбул, Република Турција се врати во земјата и пред еден месец успешно ја изврши првата хируршка интервенција во ГОБ „8-ми септември“ во Скопје кај првиот пациент за „скратување на желудникот“ сѐ со цел да му се намали телесната тежина.

„За мене е многу битно дека интервенцијата за скратување на желудникот се изврши успешно и дека пациентот се чувствува многу добро. Важно е дека пациентите почнаа да сфаќаат дека дебелината е болест и има тешки последици, а оваа метода дефинитивно е докажана како многу успешна за намалување на прекумерната телесна тежина. Овие пациенти по интервенцијата за неколку месеци без поголеми тешкотии се враќаат на  идеална телесна тежина и, што е многу важно, немаат никакви естетски последици од оперативниот третман, кој што се изведува лапароскопски. За вакви интервенции веќе пациентите не мора  да патуваат надвор од нашата земја , што беше случај досега“, вели доктор Елези.

Тој досега успешно има направено над 2.000 хируршки интервенции за многу други разни болести, вклучувајќи канцер на дојка, на желудник, црева и слично. Но, најновото „скратување на желудник“ е важно, бидејќи за прв пат се случува  во државните здравствени установи. Уште поважно, како што вели доктор Елези, е што оваа интервенција придонесува за намалување на вишокот килограми со што индиректно се намалува можноста за да се добијат многу други болести кои инаку доаѓаат како последица од прекумерната телесна тежина.

 

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе