Договорот за кинеските вакцини потпишан, ќе стигнат во текот на февруари

Министерот за здравство Венко Филипче денеска го потпиша договорот за набавка на вакцини против ковид-19 од кинескиот производител „Синофарм“ со кој се обезбедуваат 200.000 вакцини коишто ќе пристигнат во текот на февруари. Точниот датум на пристигање и сите информации поврзани со испораката ќе биде утврден во следните денови.

Но, како што соопшти Министерството за здравство, податоците што ги содржи договорот остануваат доверливи, бидејќи се почитувала одредбата од договорот за тајност, а во согласност со глобална политика на сите компании за производство на вакцини, вклучувајќи ја и „Синофарм“.  

Вакцините од Кина во земјава ќе пристигнат на скопскиот аеродром, а веќе е направен детален план за транспорт на вакцината од аеродром до веледрогериите кои се задолжени за складирање на количините, а потоа и план за дистрибуција до вакцинални пунктови каде ќе се спроведува вакцинацијата.

„Изминатата недела се вршеа премери на волуменот на ладните соби за чување, а се вршеше и проценка на капацитетите за складирање на целата количина. Вакцината на ‘Синофарм‘ се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени, а вакцините се пакувани во формулација на претходно наполнет шприц, што ја олеснува и  самата апликација на вакцината.

Овој тип на вакцини има оптимален однос помеѓу безбедноста и ефикасноста, поради тоа може да се даваат на сите граѓани, без ограничување по која било основа. Конкретно за оваа вакцина на ‘Синофарм‘, термините за вакцинација во Јавните здравствени установи (ЈЗУ) ќе бидат на 10 минути по пациент. ЈЗУ ќе работат во две смени со цел да се постигне што повисока стапка на вакцинација на дневно ниво“, пишува во соопштението од Министерството за здравство.

Според Наицоналниот план за вакцинација против ковид-19, први ќе се вакцинираат здравствените работници од ковид-центрите, матичните лекари и останатите вработени во матичните ординации, вработените во Итна помош и други здравствени работници опфатени во првата група од Фаза 1, како и возрасните граѓани над 70 години.

Од Министерството уверуваат дека сите вакцини кои се на пазарот се развиени на безбедни платформи, односно се безбедни за граѓаните. Производителите на вакцини имаат документи од нивните национални агенции, а некои производители дополнително се регистрирана и од европското и американското регулаторно тело за квалитет на лекови.

„Воведувањето на ковид-19 вакцинација ќе одигра клучна улога во намалување на штетните ефекти врз здравјето на популацијата и општеството воопшто, јакнење на колективниот имунитет во услови на пандемија. Имунизацијата е силно оружје во борба со корона вирусот, но и покрај тоа здравствените мерки за лична заштита задолжително треба и понатаму да се почитуваат“, наведуваат под Министерството.

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе