четврток, 18 април 2024

Дачиќ: Дали Османи за Сребреница зборува во името на македонскиот или на албанскиот народ

Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ на прашањето за изјавата на шефот на дипломатијата на Македонија, Бујар Османи, дека земјата ќе излезе од иницијативата Отворен Балкан и дека Македонија е еден од коспонзорите на резолуцијата за геноцид во Сребреница која ќе биде изгласана на 2 мај, изјави денеска дека станува збор за предизборни изјави и дека е „многу интересно што претседателот, Стево Пендаровски, не бил информиран дека Македонија ја поддржала резолуцијата за Сребреница.

Објавено на

часот

Сподели

„Ако македонскиот претседател не знае дека Северна Македонија ќе биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница, што можам да ви кажам следно? Само прашувам дали тој (Бујар Османи) зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ“, им одговори Дачиќ на новинарите по средбата со министерот за надворешни работи на Суринам, Алберт Рамдин.

Дачиќ во врска со ова рече дека во Обединетите нации нема консензус за усвојување на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

„Сметаме дека сега не треба да се разговара на оваа тема, не е ни годишнината. Ова е неселективна правда затоа што не можат само Хутите и Србите да бидат етикетирани како геноцидни нации. Нема таков геноцид што не го извршиле земјите што ја потпишале оваа резолуција и сега тие ќе ни држат предавања за тоа. Ако силата може сѐ, ние ќе се бориме колку што можеме“, рече Дачиќ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ