Институт за јавно здравје

До 3 декември имало 2.215 пријави за мали сипаници

Во периодот од 19 октомври до 6 декември година, односно по пријавување на последниот лабораториски потврден случај на мали сипаници, пријавени се два сомнителни случаи на мали сипаници, кои по направеното епидемиолошко и лабораториско истражување се отфрлени, информираат од Институтот за јавно здравје.

Заклучно со 3 декември до Институтот за јавно здравје се пристигнати 2.215 пријави за мали сипаници. Вкупниот број случаи пријавени од декември 2018 заклучно со 6 декември, а кои ја исполнуваат дефиницијата на случај и се вбројуваат во вкупниот број заболени во епидемијата, изнесува 1.901, со стапка на заболување од 91,9 на 100.000 жители.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од кои највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга-165,1 на 100.000 (112 случаи), Куманово 162,6 на 100.000 (232) и Скопје 161,6 на 100.000 (998).

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 977 лица од машки пол и 924 лица од женски пол или сооднос машки-женски 1,1:1. Специфичниот морбидитет по пол кај машките е 94,3 на 100.000 жители, додека кај женските изнесува 89,5 на 100.000 жители

Возраста на заболените се движи од еден месец до 63 години. Најголем број заболени се на возраст над 30 години-852 (44,8 отсто), а највисока инциденца од 1.399,1 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година (327случаи, 17,2 отсто), а кај децата на возраст од една до четири години се регистрира инциденца од 307 на 100.000 жители (285 случаи, 15 отсто)

Според вакциналниот статус, 1.530 или 80,5 отсто од заболените се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од нив, 327 (21,4 отсто) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација согласно Календарот за имунизација.

Од пријавените случаи, 852 или 44,8 отсто биле хоспитализирани, а кај 302 (15,9 отсто) се регистрирани компликации. Докажан е генотипот B3 Dublin кој циркулира и во соседните држави.

Вкупниот број вакцинирани лица со МРП вакцина на возраст до 14 години, од почетокот на епидемијата до крајот на анализираниот период во државава изнесува 44.497.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе