До 15 септември аплицирање за стипендии за студирање на најдобрите светски универзитети

До 15 септември е рокот за аплицирање за стипендија за студирање на најдобрите 100 светски универзитети според Шангајската ранг-листа.

„Иако има значително зголемен број апликации на објавените конкурси за стипендии за прв, втор и трет циклус на студии на највисокорангираните високообразовни установи во светски рамки, Министерството врз основа на извршени дополнтелни анализи одлучи рокот за аплицирање да не се менува,“ соопшти Министерството за образование и наука.

МОН потсетува дека право да аплицираат на конкурсите за стипендии имаат државјани на Република Македонија кои се примени на некој од најдобрите 100 универзитети во светот, не се корисници на стипендија од друг давател и имаат постигнато одреден успех во текот на претходното образование (зависно од циклусот на студии на кој се запишуваат).

„Износот на стипендијата зависи од земјата и универзитетот на кој кандидатот се запишал и го покрива трошокот за уписнина најмногу до 40.000 американски долари на годишно ниво, месечен паричен надомест и трошоците за превоз. По завршувањето на студиите кандидатите согласно потпишаниот договор имаат обврска да се вратат во Република Северна Македонија и да работат во јавниот или приватниот сектор најмалку двојно поголем период од периодот на студирање,“ наведува МОН. 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе