За и против препораките на СЗО

Директорот на болницата „Плодност“ го повикува Филипче да премине на масовно тестирање за ковид-19

Двајца наши лекари, еден анестезиолог, еден гинеколог и една медицинска сестра од битолската болница „Плодност" се позитивни на коронавирусот. Веднаш побарав да се земат брисеви од сите вработени, но Институтот за јавно здравје не ми дозволи со образложение дека нема зошто да се тестираат лицата кои немаат симптоми. Министре, асимптоматските лица се најопасни, мора да почнете со масовно тестирање, апелира сопственикот на „Плодност" д-р Таше Трпчевски.

Неговата болница е затворена откако неговиот син, лекарот Хрстијан Трпчевски, кој работи во истата болница беше позитивен на тестот за коронавирусот. Таше Трпчевски веднаш реши да ја затвори болницата, но излезе дека и други негови вработени се позитивни, а немале никакви симптоми.

„Гинекологот кој е од Прилеп, а е кај нас вработен, е позитивен (вчера попладне ми ја даде информацијата). Тој е асимптоматски носител. Тие се најопасните како сите вие што не знаете можеби дали сте таков носител. Апелирам до министерот да ги остави препораките на СЗО и побогатите држави да се тестираат само симптоматските пациенти и оние со позитивна епидемиолошка анамнеза. Можеби така ќе се создаде паника (паниката е состојба на исклучителен страв од вистинска или претпоставена опасност по живот), но ќе се добие друг ефект..... изолација, а тоа е многу битно бидејќи ако имаме помасовно тестирање ќе имаме помасовна самоизолација и изолација“, напиша Таше Трпчевски на фејсбук сраницата на „Плодност“.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе