Сотирова-Бухова

Директорката на ДСЗИ во самоизолација, контактирала со член на семејството позитивен на ковид-19

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Ирина Сотирова Бухова од денеска е во 14-дневна самоизолација, бидејќи контактирала со член од семејството којшто е позитивен на ковид-19.

„По препорака на епидемиолозите јас сум во самоизолација и ќе бидам 14 дена. Имав контакт со позитивно лице, член на потесното мое семејство.
Чувствувам должност да ја известам јавноста. Се чувствувам добро,немам никакви симптоми. Првиот тест покажа дека сум негативна, но по епидемиолошката препорака, ќе останам дома.
Цел период на функционирање во корона-криза, апсолутно ги почитував сите протоколи, маска, дезинфекција, како и физичка дистанца“, пишува во соопштението од Сотирова Бухова, објавено на интернет страницата на ДСЗИ.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе