„Страв од непознатото“

Директорите на училиштата се задоволни, ја поддржуваат реформата во образованието

Консултациите за реформите во основното образование продолжија денеска со состанокот на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование и членовите на работната група со директорите на основните училишта од секоја општина, а за утре е закажан состанок со наставниците, додека задутре со членови на МАНУ.

Министерката и заменик министерот за образование и наука, Мила Царовска и Арафат Шабани по средбата изјавија дека заклучокот од состанокот е дека концепцијата има широка поддршка од директорите, но дека како кај секоја новина, така и овде постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада.

„Директорите на училиштата исто како и наставниците се наш многу важен партнер во имплементацијата на целиот овој процес. Од состанокот заклучивме дека постои само страв од непознатото којшто треба да се совлада и интензивна обука на наставниците за да може да се прилагодат на новата концепција. Наша цел е темелно да ја подготвиме реформата која за првпат се фокусирана најважното, а тоа е знаењето на децата. Тоа значи дека сите заеднички ќе вложиме максимални напори за да го подготвиме системот за имплементација и да ги подготвиме наставниците. Ова е предуслов за воведување на реформата и сигурни сме дека во следниот период имаме време да се подготвиме добро. Реформата е започната навреме и со години трае овој процес кој сега мора да финишира, бидејќи секој ден доцнење е на штета на идните генерации“, рече Царовска.

Директорите на основните училишта на средбата дадоа поддршка на реформата и изјавија дека се подготвени целосно да се посветат на нејзината имплементација во 1 и 4 одделение од идната учебна година.

„Даваме максимална поддршка на спроведувањето на реформите и активно и посветено ќе се вклучиме во нивната имплементација. Силно верувам дека успешното спроведување на оваа концепција значи и успешни идни генерации“, рече Миле Младеновиќ, директор од ОУ „Димитар Влахов“ во Штип.

Катерина Арсовска, директорка на ОУ „Ј.Х. Песталоци“ од Центар смета дека како директори добро ги познаваат проблемите во образовниот систем и реформата е фокусирана директно на решавање на овие проблеми.

„Оваа концепција е одговор на долгогодишните барања на наставниците да имаат поголема автономија во држењето на наставата, но и на учениците и родителите и затоа е неминовно да се имплементира“, изјави Драгица Спасова директорка на ОУ „Сандо Масев“ од Струмица.

Директорот Шанија Ајроски од ОУ „Ристо Ристески“, Долно Косоврасти,  дебарско, вели дека со реформите за прв пат МОН, Бирото за развој на образование и експертите нудат концепција којашто е во најдобар интерес на учениците. Претходно, според него, се правеа реформи, но не беа целосни и опфаќаа само сегменти од образованието.

Марија Трајковска директорка на ООУ Таде Хаџи-Тефов од Кавадарци истакна дека ќе се вложат максимално за да ги имплементираат реформите, бидејќи со новата концепција добиваат и наставниците и учениците.

Реформата во основно образование е дел од Стратегијата на МОН за периодот 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование и е дел од владината програма. Во нејзината изработка, како што велат од МОН, беа вклучени универзитетски професори, наставници, а земени се предвид и ставовите на родителите, учениците и родителите.

 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе