По негативните коментари на социјалните мрежи

Директорoт на струмичката болница, Гогов побара донации за ново амбулантно возило, па се премисли

Наќе Гогов, директор на болницата во Струмица побара денеска, преку објава на својот фејсбук-профил, донација од струмичани за набавка на ново болничко возило, но, неколку часа подоцна, се премисли и го повлече статусот. 

Претходно, Гогов напиша дека болницата во Струмица располага со мал број болнички возила што постојано се користат, поради ситуацијата со ковид – 19, и кои се застарени и често се расипуваат. Затоа, тој ги повика своите сограѓани да донираат за набавка на ново болничко возиоло, за, како што посиочи, „сами да си помогнеме".

„Почитувани пријатели, мои ценети сограѓани, знам дека не би требало да се барат донации на ваков начин, меѓутоа заради малиот број на болнички возила, заради тоа што се застарени и често се расипуваат, заради ситуацијата во која се наоѓаме со корона вирусот каде транспортот на пациенти е неколкукратно зголемен – болничките возила се 24 часа вклучени во транспорт на пациенти од нашата болница до клиничките центри и обратно, ние како "ЈЗУ Општа болница -Струмица" имаме потреба од ново болничко возило кое ќе биде од голема корист за сите граѓани од Струмица и струмичкиот регион. Да се организираме и да си помогнеме самите. Ве замолувам сите кои сте во можност и сакате да донирате од срце, каде сумата ќе биде по ваша желба да донирате на следната жиро сметка: 660270170248596. Се надевам дека ќе ја покажеме хуманоста на дело. Ве замолувам споделувајте го статусот.", пишуваше претходно во објавата на Гогов.

„После негативните коментари, го повлекувам статусот, и апелирам да не се донира", напиша потоа Гогов.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе